Освежителен домашен сок од цреши

За подготовка се потребни помалку од десетина минути, а главната состојка во овој пијалак се црешите.

За цел бокал, односно четири чаши од 220 милилитри домашен сок, потребно е половина килограм цреши, неколку ливчиња нане и 20-на коцки мраз.

Подготовка – Измијте ги црешите и отстранете ги семките од нив. Третина од црешите оставете ги на страна, а останатиот дел исцедете го во соковник заедно со додадените листови нане. Потоа,  чашите до половина наполнете ги прво со мраз, додадете ја третината цреши кои претходно ситно сте ги исечкале, па претурете го свежо исцедениот сок.

Декорирајте со ливчиња нане.

x

Check Also

„Тиквеш“ ги претстави првите четири вина произведени на сопствениот посед во Франција

Винарската визба „Тиквеш“ ги донесе на македонскиот пазар првите четири вина произведени ...