Без разлика на сезоната, пастелните нијанси се секогаш во тренд.
Модната марка & Other Stories за жешкиот месец август ни носи колекција во која доминираат пастелните нијани. Акцентот е на романтичните модни парчиња, пред се, миди фустани со цветен принт, украсени со карнери, но тука се и маичките во пастелни тонови кои одлично се комбинираат со светли фармерки.
Од пастелните тонови пак, доминираат виолетовата, розовата и цитрон жолтата нијанса.