& Other Stories ни носи пролетна колекција во нијанса на фстаци

Време е за промена на сезоната, а зелените фстаци се  супер начин да ја разубавите вашата гардероба. Токму нијансата на зелен фстак е главна ѕвезда во пролетната колекција на популарната „хај стрит“ модна марка & Other Stories.

& Other Stories ни ја носат нежната нијанса во прв план за пролетните модни комбинации, а во преден план е и лежерниот стил. Така, во колекцијата доминираат џемперчињата кои одлично се комбинираат со фармерки во ретро стил, мини здолништа и кардигани со копчиња. За вечерни излегувања тука се фустанчињата со цветен принт со ракави и сатенското здолниште кое внесува глам изглед.

x

Check Also

Новата колекција на ZARA нè подготви за лето 2021

Сонувате за летото и плажите? Модната марка Zara веќе не однесе таму, ...