& Other Stories ни носи штосни јакни со предни џебови и реси за есен 2020

Влегуваме во сезоната есен 2020 со најновите стилови на јакни и палта од популарната модна марка & Other Stories. Совршени за преминот помеѓу топлото и студеното време, овие дизајни доаѓаат во лесни силуети.

Изберете меѓу пуф-јакните, јакните со нагласени предни џебови, кратките јакнички и оние со реси – овие дизајни ќе ја променат вашата модна комбинација додавајќи ѝ шарм.

Во големите џебови може да ги сместите сите ваши најважни работи или пак да си ги загреете рацете. Палетата на бои се фокусира на нијансите небесно сина, кремаста беж и зелена нане.

Јакните одлично се комбинираат за „кежуал“ прилики ги со фармерки или фустани со долги ракави.

Погледнете дел од понудата.

x

Check Also

Модни парчиња од ZARA дизајнирани од вештачка кожа

Шпанската модна марка ZARA лансираше жежок тренд за есен/сима 2020 година, посветен на ...