Отстранете ги „најтврдокорните“ дамки на лесен начин

Пред да бидете сигурни дека само хемиското чистење е решението за дамките на вашето омилено парче облека, пробајте ги овие едноставни трикчиња кои ги отстрануваат и најупорните дамки.

slika 5000

Оцет и белка од јајце за дамки од трева

Непријатните дамки на облеката може да се исчистат на природен начин. За дамки од трева најдобро решение е оцетот и белката од јајце. Изматете белка од јајце, потоа нанесете ја на дамката, тријте добро, па исплакнете. Белката од јајце идеално ги чисти дамките од белите кошули и маици, додека оцетот е погоден за сите други ткаенини во боја. За „најтврдоглави“ дамки измешајте белка од јајце, додадете три големи лажички алкохолен бел оцет, и оставете да отстои на дамката 15-на минути. Потоа исперете ја облеката со детергент и дамката ќе исчезне.

Бебешка пудра и глицерин за дамки од кечап

Познао е дека дамките од кечап најтешко се вадат. Затоа е најдобро веднаш  да реагирате. На дамката од кечап веднаш истурете бебешка пудра и оставете да се исуши. Потоа облеката исперете ја во машина на вообичаената температура за таа ткаенина. За дамките од домат помага и мешавина од вода и глицерин во размер 1 спрема 1. Нанесете ја смесата на критичната дамка и оставете да отстои 15-на минути, па потоа ставете ја во машина за перење.

Газирана вода за дамки од сладолед

Облеката со дамки од сладолед веднаш натопете ја во 1 литар газирана минерална вода. Потоа перете ја во машина.

slika 2000

Ладна вода за дамка од крв

Свежа крв на облека лесно се отстранува со ладна вода. Ако дамката е веќе сува во ладната вода додадете сода бикарбона.

Ладно млеко за дамки од мастило

Ако облеката е намачкана со мастило, проверено ќе го отстраните ако местото со дамки го потопите во ладно млеко. Оставете да делува 15-на минути, а потоа ставете го парчето облека во машина.

slika 1000

Коцка мраз за дамка од мастика

Ако џвакана мастика ви се залепи на панталоните или на фустанот, не се обидувајте да ја отстраните со нож зашто така може да направите само дупка. Земете коцка мраз и со неа поминувајте преку мастиката. Мастиката ќе стане тврда и сама ќе се одлепи од облеката. Ако откако ќе ја извадите мастиката, на местото се појави дамка, отстранете ја на тој начин што врз неа ќе ставите парче хартија а врз хартијата ќе поминете со млака пегла.

 

x

Check Also

Едноставни трикчиња за суперзабавно цртање со вашите деца

Не треба да сте природно надарени за цртање ни вие ни вашите ...