Отворање на изложбата „Духовите на Африка – Ритуална западноафриканска уметност“

На еден ден пред почетокот на 37. Скопски џез фестивал, Музејот на Македонија, во соработка со Музејот на африканската уметност во Белград, ја отвора изложбата „Духовите на Африка – Ритуална западноафриканска уметност“. Публиката за првпат кај нас ќе има можност да се запознае со исклучително богатата и разновидна уметност на повеќе народи од Западна Африка, претставена преку скулптури и маски што биле дел од африканските обреди. Овие ритуални предмети ќе бидат изложени  во наредните два месецa во НУ Музеј на Македонија, период во кој се планираат и голем број придружни активности: предавања, прикажување на документарни и играни филмови, работилници и музика поврзани со африканската култура.

Изложбата, подготвена во соработка и со Скопскиот џез фестивал, кој повеќе од три децении ја афирмира африканската култура во Македонија преку двете манифестации што ги организира (СЏФ и особено „ОФФ-Фест“), ќе биде отворена денес, 17ти октомври, во 20 часот во Музејот на Македонија. По отворањето, следува мал коктел во арт-кафе „Менада“, зачинет со соодветна музика од Западна Африка.

x

Check Also

Рецепт за совршен „Бејлис“ десерт (само за возрасни)

Ова слатко задоволство се подготвува без печење, варење и стоење покрај шпоретот. ...