Отворен е хотелот со дизајн од Заха Хадид (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Отворен е хотелот со дизајн на Заха Хадид, со неверојатна архитектура комплетирана со отвор во средината и префинети ентериери.

Кинескиот Макау Котаи Стрип (кој е кинеска верзија на Лас Вегас) е дестинацијата каде се наоѓаат најкичестите хотели во светот, при што секој од нив се обидува да победи по прашање на големина и сјај.

Сепак, новиот хотел кој е дело на Заха Хадид се издвојува од останатите зашто на своите посетители им нуди дискретен луксуз. Хотелот се вика Морфеус и претставува ненадеен удар на свеж ваздух.

Во стилот на Хадид, хотелот се препознава по заоблените линии, а гордо се издигнува во централниот дел на кинескиот Котаи Стрип. Отворот во средина го прави посебен и не наведува на помисла дека метеор пролетал низ 28.000те тони челик и 48.000 квадрати стакло.

Енетриерот на хотелот содржи минималистичко лоби, без места за седење, со дискретна рецепција. Вниманието е посветено на деталите и на финишот. Хотелот располага со 770 соби и апартмани, префинето уредени, а се во собите може да се контролира со помош на таблет.

Морфеус има и цел еден простор посветен на ремек делата на интернационалните уметници.

Дополнително, хотелот има спа центар, отворен и затворен базен, ресторан предводен од прочуениот шеф на кујна Ален Дукас, повеќе барови….

x

Check Also

Сто и педесет учесници уживаа во убавините на Крушево

Во саботата се оддржа еднодневна посета на градот Крушево, како дел од ...