Ова е најбараниот костим за капење на Амазон, а чини помалку од 1.400 денари

Сезоната на топли денови е пред нас, па не е чудно што популарната онлајн шопинг страница Амазон има полни раце работа околу нарачките на костими за капење.

Обично, убавите костими за капење не се баш евтини, но тоа не е случај и со актуелната ѕвезда меѓу костимите за капење на Амазон. Станува збор за костимот Tempt Me Ruffle Bikini составен од два дела, кој се продава по цена од 17 до 26 долари во зависност од принтот и конфекцискиот број.

Костимот е толку популарен што има дури 1.922 позитивни коментари, и се разбира, е најпродаван костим на Амазон. Достапен во продажба е во 21 различни шари – од принтови со тропски мотиви, до полка точки и флорални мотиви во различни бои – црвена, корална, бела, сина, портокалова…

Горниот дел на костимот за капење личи на блузичка со карнери, која може да се носи и со друга летна гардероба. Долниот дел пак, има висок струк што го прави моделот женствен и ги сокрива критичните места околу стомакот.

Меѓу позитивните коментари на Амазон има и такви дека горниот дел од костимот веќе го носеле и за пливање, сончање, танцување во дискотека, и за дневни и за вечерни излегувања во комбинација со здолништа, бермуди, фармерки…Многу е фален и квалитетниот материјал од кој е дизајниран костимот.

x

Check Also

Еве ја програмата на 10. издание на „МакеДокс“

Десет македонски документарни филмови ќе бидат прикажани како дел од програмата на ...