Ова е најмоќниот пасош во светот

Јапонија и Сингапур веќе го немаат најмоќниот пасош на светот. Според Интернет страницата Паспорт Индекс, на врвот на листата се случи неочекуван пресврт.

На првото место на најмоќен пасош во свет се најде пасошот на Обединетите Арапски Емирати. Со овој пасош може без проблем и без виза да отпатувате дури во 167 земји, односно имате пристап до 85 отсто од светот.

Паспорт Индекс, инаку, ги рангира пасошите според „силата“ од 193 земји. ОАЕ се искачија на врвот на оваа листа во рекорден период. Првпат беа забележани на листата во 2016 година (на 27то место), а само за две години дојдоа до местото број 1.

Со Обединетите Арапски Емирати кои предводат, на топ 10 места се најдоа пасошите од Сингапур, Германија, Данска, Шведска, Финска, Луксембург, Франција, Италија и Холандија со чии пасоши може да влезете во 165 земји во светот.

Македонија на оваа листа е на 83-то место, а со македонски пасош може да влезете во 118 земји во светот. Српскиот пасош е на 72 место (може да се посетат 126 земји), бугарскиот пасош е на 38мо место (158 земји), а хрватскиот на 41то место со кој може да се влезе во 156 земји во светот.

Целиот попис на рангирање на пасоши во светот, може да го најдете на The Passport Indexa.

x

Check Also

Ова се најбарани дестинации за годишен одмор во 2019

Популарниот сајт кој е специјализиран за патувања TravelSupermarket направи истражување и ги ...