Ова е најпаметниот град во светот за 2018 година

Со истражување кое опфаќа 153 градови кои ја имаат усвоено стратегијата на паметен град, а во предвид се земени аспекти како јавни институции, здравствен систем, образование, енергетика и околина, мобилност и друго.

Главниот град на Австрија, Виена, девет одини последователно е град со најдобар квалитет на живот, а годинава се закити и со титулата Смарт сити односно – „најпаметен“ град во светот.

Поимот смарт сити (паметен град) опфаќа многу елементи кои придонесуваат за подобрување на животниот простор, почнувајќи од јавниот градски превоз се до училишта и јавни институции. Акцентот е пак, на економските, технолошките и општествените иновации.

Истражувањето е реализирано од  Roland Berger Strategy Consultants со седиште во Германија. На второ место, после Виена, се наоѓа Лондон, а на трето место канадскиот град Сент Алберт.

x

Check Also

Ова се најбарани дестинации за годишен одмор во 2019

Популарниот сајт кој е специјализиран за патувања TravelSupermarket направи истражување и ги ...