Ова е најпопуларен костим за капење за 2018 година

Новиот костим за капење кој се продава на Асос е производ на марката PrettyLittleThings и интересот за него е многу голем. Но интересно е тоа што производителот при продажбата на овој костим, забележува – Не може да се носи во вода.

Оваа порака дополнително ги збуни потенцијалните купувачи, па костимот бргу стана најзборуваното модно парче на социјалните мрежи, а оваа популарност, без разлика на тоа што „не е дизајниран за во вода“, предизвика уште поголема продажба.

Дилемата меѓу „твитерџиите“ се одвива меѓу прашањето – зошто не може да се влезе со него во вода? Едни, сметаат дека „проблемот“ е во долниот, бел ден на косимот кој после влегување во вода би можел стане проѕирен, додека други „маната“ ја наоѓаат во апликациите на горниот дел кој при контакт со вода би можеле да се расипат.

Како и да е, модната марка си успеа да си ја постигне целта – добар маркетинг и солидна продажба на нешто што не вреди баш толку, ни по цената ни за внимание.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...