Ова е најпосакуваната чантичка на Инстаграм

Малата чантичка наречена Chiquito стана ѕвезда на Инстаграм, а меѓу оние кои со задоволство ја носат е и италијанската инфлуенсерка Кјара Ферањи, како и бројни модни блогери.

Станува збор за минијатурна чанта голема колку дланката произведена од француската модната марка Jacquemus. Достапна е во продажба во различни бои, а внатре во неа пак, може да собере еден кармин, или нешто многу ситно, но не и смартфон.

Чантичката за првпат беше претставена на Париската модна недела 2019 и оттогаш стана сон на бројни жени. Милиони примероци се веќе продадени и покрај неверојатните димензии – 8,5 сантиметри висина на 5 сантиметри ширина.

Цената на чантичката се движи од 215 евра за најминијатурниот модел наречен Mini Chiquito, малку поголем модел во кој собира и мобилен телефон чини 405 евра, а веризјата Grand Chiquito со  димензии на класична чанта чини 620 евра.

 

x

Check Also

Еве ја програмата за Струшки вечери на поезијата 2019

Струшките вечери на поезијата ја објави Програмата на претстојното издание на Струшките ...