Базенот наречен лебдечки, кој припаѓа на хотелот Тремецо на езерото Комо во Италија, е сон за сите оние кои сакаат да уживаат во слатка вода под отворено небо. Погледот на планината Гриња оттука е неверојатен.
Базенот наречен WOW (Water on Water) е придружен со идилична песочна плажа, на која може да се сончате, но и да уживате во понудата на бројни алкохолни и безалкохолни коктели. Бањањето во овој извонреден базен е привилегија само на гостите на хотелот.
Интересно е да се спомне дека WOW базенот е еден од трите базени на хотелот. Во Тремецо може да се ужива и во базенот Flower кој е во состав на хотелската градина, а водата се одржува на 28 степени целзиусови.
На располагање за гостите е и третиот базен наречен Т Спа-бесконечен базен, кој пак е во составот на велнес центарот и кадешто водата е секогаш 35 степени целзиусови.
Хотелот Тремецо се наоѓа во истоимената населба на пет минути од пристаништето Каденабја од каде може да се изнајмат јахти за да пловите по езерото Комо. Хотелот постои веќе над 100 години, во сопственост на семејството Гандола.