Ова е најпосакуваниот базен во светот

Бањањето во базенот Marina Bay Sands e неповторливо доживување. Базенот се простира на три згради кои имаат 56 ката, а споени се со платформа долга 340 метри, од каде се пружа неверојатен погледн на Сингапур.

Базенот се протега на 150 метри и се смета за една од најголемите туристички атракции во овој дел на Азија. Па, не е чудо што секој сака да направи фотографија тука, и да ја постира на својот Инстаграм профил. Сепак, влезот не е дозволен за сите, туку само на гостите на хотелот.

Хотелот Marina Bay Sands се наоѓа во деловниот кварт на Сингапур, а ноќевањето чини 550 евра. Ова не е неразумна цена за инаку, најскапиот град во светот, со оглед на тоа дека соба во „обичен“ хотел во Сингапур со 4 ѕвездички чини околу 150 евра.

Базенот е отворен од 6 часот наутро до 21 часот навечер. Освен капење на кровот на светот, гостите можат да уживаат во мали закуски и богата понуда на пијалоци. Комплексот е сам по себе ремек дело и препознатлив симбол на Сингапур кој за да се изгради биле вложени 8 милијарди долари.

x

Check Also

Каде летуваат познатите модни креатори – Од Армани до Хилфигер…

Лето е, а тоа значи, време е за одмор. Првата половина на ...