Ова е најпосакуваниот фустан од колекцијата Giambattista Valli x H&M, во продажба од денес

Од денес, во продавниците H&M е пуштена во продажба колекцијата Giambattista Valli x H&M. Немаме сомнеж дека многу бргу ќе се распродаде.

За сега, најбарано парче од оваа колекција е асиметричниот фустан од црвен тил со длабок Ве изрез.

На претставувањето на колекцијата со модна ревија во Рим, овој фустан го носеше Кендал Џенер.

Фустанот сигурно ќе биде голем хит во сезоната на претстојни празници. Инаку, за да го купите фустанот, треба да издвоите 399 евра.

x

Check Also

Промоција на „Јас сум Цако“ од Александар Матовски – Цако во кино „Фросина“   

Промоција на стихозбирката „Јас сум Цако“ од Александар Матовски – Цако, ќе ...