Ова е најслатката фотографија на Џиџи Хадид од бременоста (ФОТО)

Најслатката – и најсмешна – фотографија од бременоста на Џиџи Хадид, 25, доаѓа од профилот на Инстаграм на нејзината сестра Бела (23). Супермоделот објави на социјалните мрежи фотографија направена минатиот (11-ти) јуни, на зајдисонце (или рано наутро), во една ливада полна со маргаритки.

Бела е во „кежуал“ облека, која ја носи дома, фармерки и кратка маичка во нијанса на фуксија, без трага од шминка, и го разголува стомакот. Покрај неа стои нејзината постара сестра Џиџи, облечена во бела ноќница и крзнени влечки, го држи веќе изразениот стомак и се смее со затворени очи.

„Два леба во рерна “, напиша моделот ,„ со таа разлика што моето се должи на хамбургер, а на Џиџи на Зејн Малик (нејзиниот партнер,). Ве сакам и двајцата многу!“.

Под сликата, е коментарот на Жизел Бундшен, која има пет сестри (од кои едната е близначка): „Нема ништо како љубовта кон сестра!“, напиша бразилскиот супермодел. Покрај коментарот на Буншен, коментари напишаа и Лени Кравиц, колешката Лили Олдриџ и илјадници фанови и пријатели.

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...