Ова е најубавиот дом за пензионери

Домот се наоѓа во Јапонија, изграден е меѓу дрвата во Шизуоки, а станува збор за „комуна“ од викендички.

Овие прекрасни мали куќички за пензионери се дело на познатиот архитект Исеј Сума.

Самиот дизајн го имитира околниот планински пејсаж, додека внатре нуди модерен комфор.

Домот првобитно бил направен само за две жени кои се пензионирале – едната била социјален работник, а другата, готвачка. Подоцна, поради интересот на пензионерите кои сакаат да побегнат од големите градови и да живеат мирен живот во природа, се доградиле повеќе идентични викендички. Изградени се од бетон и дрво – 100 метри квадратни, опремени се со кујна, трпезарија, заедничка спална соба, гостинска соба и купатило. Постои и простор кој е пристапен за лицата кои се во инвалидски колички, а на располагање на пензионерите е и базенот со спирален облик.

x

Check Also

Тејлор Хил и сестра ѝ позираат во новогодишната кампања на Polo Ralph Lauren

Моделката и ангел на Викторија сикрет е една од лицата на празничната ...