Ова е највкусниот десерт од јагоди (и гриз) во чаша!

Се подготвува брзо, а ваков гриз сеуште не сте пробале.

Од состојки потребни се:

За гриз кремот –  0,75 л млеко, 4 лажици шеќер, 4 лажици гриз, половина ќесичка пудинг од ванила.

За преливот од јагоди – 4 лажици шеќер, 1 лажица вода, 250 грама јагоди (исечкани), 1 ванилин шеќер, 1 лажичка густин.

Подготовка

Гризот сварете го вообичаено, со наведените состојки, и веднаш претурете го во чаши. Додека се лади, сварете го преливот од јагоди со наведените состојки, на крајот додадете го густинот и штом згусне, тргнете го од ринглата. Ако не сакате парченца јагоди, пред варењето измиксајте ги со миксер/блендер. Прелијте ја кремата од гриз со преливот од јагоди и оставете да се излади.

x

Check Also

Витаминка со право на користење на ликовите “Minions”

Мега популарните “Minions” ќе се аплицираат на Стоби Флипс со вкус на ...