Ова е омилениот капут на Меган Маркл, го има во две нијанси

Колоритна модна комбинација избра Меган Маркл на првата јавна прошетка со принцот Хари во новата година. Парот ја посети новата статуа посветена на поетите од Првата Светска војна.

За оваа пригода, Маркл облече виолетов миди фустан од марката Ариција кој чини околу 100 евра (не е веќе достапен во продажба, распродаден е).

Но, тоа што паѓа в очи е палтото Sentaler во силно црвена нијанса која војвотката од Сасекс го носи со чевли на висока потпетица во иста нијанса.

Според Sentaler, црвеното палто е од нивната колекција дизајнирана за есен/сима 2019/2020 година.

Исто такво палто, само во крем нијанса, Меган носеше на божиќната прошетка во 2017 година, пред да се омажи со принцот Хари. Тогаш, Маркл палтото го комбинираше со  кафени чизми од Stuart Weitzman и чанта, шешир и ракавици во истата нијанса.

 

x

Check Also

Кејт Мидлтон го носеше накитот на принцезата Дајана на BAFTA

Стилот на принцезата Дајана е безвремен, а тоа често знае да го ...