Ова ќе биде најпопуларниот костим за капење за пролет/лето 2019

Откако повеќе влијателни модни списанија ја најавија зеленета боја, во неон нијанса, како доминантна за сезоната пролет/лето 2019, Кајли Џенер, во друштво на нејзината најдобра пријателка Џордин Вудс, и малата Сторми веќе позираа во најтрендовскиот костим за капење за сезоната на топли денови.

Фотографиите во јавноста стигнаа преку Инстаграм профилот на Кајли каде таа го најави и првиот роденден на Сторми.

Не се сомнеаме дека со пролетните/летните колекции на популарните „хај стрит“ модни марки ќе ни пристигнат слични модели на костими за капење, се разбира, во неон зелена боја.

 

x

Check Also

Улична мода од Модната недела во Токио (ФОТОГАЛЕРИЈА)

За време на Модната недела во Токио, уличниот стил никогаш не разочарува! ...