Ова е најпопуларниот спа-центар на Инстаграм

Спа-центарот Андронис Аркадиа Санторини, кој се наоѓа на грчкиот остров Санторини, неодамна ја доби титулата за најпопуларен спа-центар на социјалната мрежа Инстаграм.

Андронис Аркадиа нуди неверојатен поглед на Санторини. Располага со 53 луксузни апартмани, секој со поглед на Егејското море и панорама на градот. Во составот на спа-центарот се и неколку фантастични ресторани, простор за уживање покрај базенот и прекрасна музика која се ова го спојува.

Ексклузивниот спа нуди природни Ила производи, а меѓу бројните спа третмани, најпопуларен е егозитичниот Knebb path – кој ја стимулира енергијата и циркулацијата со студена и жешка вода.

Цената на ноќевање во овој комплекс стартува од 660 евра, па нагоре.

x

Check Also

Португалија е прогласена за најдобра европска дестинација

Читателите на најпопуларното списание за патувања „Conde Nast Traveler“ ја прогласија Португалија ...