Шпанија

Ова се најбарани дестинации за годишен одмор во 2019

Популарниот сајт кој е специјализиран за патувања TravelSupermarket направи истражување и ги претстави најбараните дестинации за годишен одмор во 2019 година.

Секако, на оваа листа се наоѓаат и некои многу познати градови, а изненадувачки е што Италија го зазема првото место. Сместувања за Рим, крајбрежјето Амалфи и други познати дестинации во Италија на месечно ниво биле пребарувани на Интернет над 226.860 пати.

Втора по ред е Шпанија со 229.470 месечни пребарувања од 54 земји низ светот. Таа е и најбарана дестинација за годишен одмор и меѓу Англичаните. Трета на листата е Грција, со 136.540 пребарувања, која е воедно најбарана дестинација од дури седум земји.

На 4-то место е Ирска, на 5-то Бахами, на 6-то Исланд, седмото место е за Бора Бора, осмото за Њујорк, на 9-то место е Париз, а на 10-то Лас Вегас.

x

Check Also

Њујорк добива стаклен облакодер повисок од Емпајер Стејт – оттука погледот ќе биде неверојатен!

Њујорк е дом на некои од најимпресивните објекти во светот кои се ...