Во изборот од над 600 градови, данската престолнина повторно покажа дека, и тоа како, ги сака велосипедите.

При изборот на најдобри градови за велосипедисти се земале неколку параметри. Посебно внимание се посветило на велосипедистичката инфраструктура, прометот, сигурноста, видот на велосипедите и планирање на градот.

Натпреварот за првото место никогаш претходно, како оваа година, не бил толку неизвесен. Главниот град на Данска, Копенхаген, сепак, на крајот триумфирал, но веднаш за петиците му се Амстердам и Утрехт. Овие први три града постојано инвестираат во иновации за да го направат градот уште повеќе прилагоден на велосипедистите.

По нив, доаѓаат Антверпен, Стразбург и Бордо, кои осмислуваат се повеќе содржини за велосипедистите, а потоа следува Осло кој се смета за „ѕвезда во подем“.

Во топ 10 се и Париз, Виена и Хелсинки.