Ова се најпопуларните пет диети во 2018 година

2018 година беше година на појавување на нови диетни режими за слабеење, но и на етаблирање на местото на постарите диети кои сеуште се едни од најбараните. Благодарение на Гугл пак, ја имаме листата на најбарани диети во изминатата година.

Меѓу најпопуларните нови диети во 2018 е и диетата со мотото „Што би јадел Исус?“, која сепак, не се пласираше меѓу првите топ 5 според Гугл.

Кето

На првото место по популарност е Кето диетата која се базира на висок внес на масти, умерен внес на протеини и екстремно низок внес на јагленохидрати. Целта на диетата е телото да се стави во таканаречена кетоза кога за енергија ги користи сопствените масти. На оваа диета, меѓу ѕвездите, беа и Хали Бери и Џена Џејмисон.

Дуброу диета

Огромна популарност во изминатата година доби новата Дуброу диета, наречена по популарниот телевизиски пар Хедер и Тери Дуброу. Се базира на строги пости, а конзумирањето на одреден вид на храна е ограничено на конкретно време во денот. Диетата има три различни фази во зависност од тоа колку време ќе постите и што ќе јадете.

Нум

Уште една нова диета доживеа подем во изминатата година, гарантирајќи си го високото трето место на Гугл листата на популарност. Тоа е Нум диетата која се состои од програм за слабеење преку исхрана и фитнес вежби. Акцентот е на менталниот предизвик при губење на килограмите. Нум не ви кажува само што да јадете и колку да вежбате, туку ве учи и на здрави практики. Целта е да се исфрлат лошите навики, а да се придобијат здравите кои водат до загуба на килограми.

Карнивор диета

x

Check Also

Протеини кои го забавуваат процесот на слабеење

Познато е дека протеините се најдобри сојузници во секоја диета. Но некои ...