Ова се најпосакуваните сандали на Амазон за пролет/лето 2019

Според критериумот сандали кои може да ги носите секаде, од утро до вечер, кои гарантираат удобност, а имаат модерен изглед, најпродавани и воопшто најбарани сандали на Амазон за оваа сезона се таканаречените Санук Јога сандалите.

Овие сандали имаат рејтинг од 4.5 ѕвезди и над 4.800 задоволни коментари од купувачите.

Анатомски перфектно се дизајнирани за стапалата да се чувствуваат пријатно во текот на целиот ден и ноќ, додека растегливите ленти се истотака од материјал кој не создава плускавци или гребења на кожата туку напротив, лесни се за облекување и соблекување, а одењето во нив е вистинско задоволство.

Санук Јога сандалите се достапни во повеќе нијанси и со различни принтови, а цената им се само 36 долари.

x

Check Also

ФОТО/Вака се носи кариран дезен на 20, 30, 40, 50 години: Учиме од Кејт Мидлтон и Викторија Бекам

Се ближат празниците кои меѓу другото ги врзуваме и со карираниот дизајн, ...