Миланската позната шопинг улица Виа Монтенаполеоне (13.500 евра за квадратен метар) е на петтото место на листата на улици со најскап шопинг. Истражувањето го направи Cushman & Wakefield.
На првото место како најскапа улица за шопинг во свет е Козуи Беј во Хонг Конг. Бутик тука чини 24 илјади евра за квадратен метар. Втора на листата е њујоршката 5-та Авенија (20 илјади евра за квадратен метар), а трета е лондонската Њу Бонд стрит (16.000 евра). По неа следува париската Шанз-Елизе (13.900 евра).