Ова се најслатките модели на патики од PUMA за пролет/лето 2019

Спортската марка Пума и Барби се здружија и ја лансираа новата колекција на патики за пролет/лето 2019 која содржи неколку модели на преслатки патики во бели и розови нијанси, како и покласични црни со розово лого на Барби.

Својот 60-ти роденден Барби го одбележува и со соработката со Пума преку колекција на женски патики.  Колекцијата е инспирирана од стилот на 90-те години.

На сите модели се истакнати и двете лога, она на Пума и второто на Барби. Освен патики, колекцијата содржи и маички, тренерки, хеланки, спортски градници, а од друга страна пак, Пума се погрижи и за новиот спортски изглед на популарните Барби кукли кои можат да се купат во облека со минијатурни модели од Пума.

x

Check Also

Неделен хороскоп (16. до 22. септември): Топ знаци на неделата – Вага, Близнаци и Лав

Оваа седмица и планетата Венера и планетата Меркур ќе блескаат во знакот ...