Што треба да се носи, а што не оваа есен? Парчињата во кои живеевме изминатата година и половина треба да се „пензионираат“ и да се вратиме на „нормалната“ облека

Оваа есен бирајте поживи бои. Модните детали со потемна боја оставете ги за некој друг период.

Модната пандемија се фокусираше на се што е поврзано со спортот, а стилистите велат дека сега светот на модата повторно се движи кон посложениот и дефиниран изглед. Ако ги прашате стилистите, тренерките треба да се заменат со кашмир и друга фина трикотажа. Парчињата во кои живеевме изминатата година и половина треба да се „пензионираат“ и да се вратиме на „нормалната“ облека, велат стилисти.

Обично на есен, нашата гардероба станува потемна, но оваа година според стилистите, треба да носиме светли бои. Светлите бои што го одбележаа летото не треба целосно да се напуштат. Разновидност од бои треба да го означи периодот што следи.

Стилистите сметаат дека е време да се заборават фустаните со разновидни изрези. Наместо тоа, изберете макси фустани. На својот омилен макси фустан додадете му „оверсајз“ џемпер и чизми и ќе добиете совршена и удобна комбинација.

Во продолжение погледнете ги најновите модни трендови во светот.

x

Check Also

Како до ревитализација и побрз раст на косата?

Здравата и негувана коса е најсилниот “адут” на една жена. Кога таа ...