Оваа неделеа во Битола гостува легендарната Неда Арнериќ со претставата “Се извинуваме, многу се извинуваме“

Легендарната Неда Арнериќ, српска и поранешна југословенска филмска, театарска и тв-глумица која ја знаеме и ние од многу македонски филмови, а најмногу од филмот “Исправи се, Делфина“ доаѓа во Битола. Таа по подолго време се врати на сцената, но се врати и во вистинскиот живот.


Со новата театарска претстава “Се извинуваме, многу се извинуваме“ на 13-ти октомври, недела, во 20:00 часот ќе настапи во големата сала на Центарот за култура заедно со својот колега Феџа Стојановиќ, а повод е 39-тиот роденден на институцијата.
Станува збор за култната ТВ драма која во 70-тите години беше одлична забава за цели генерации кои уживаа да ја гледаат, тогаш Милена Дравиќ и Слободан Ѓуриќ на црнобелитеТВ приемници. После цели 40 години, друг одличен актерски пар, Неда Арнериќ и Феџа Стојановиќ на сцената на театарот Карт бланш, овој пат како театарска претстава го играат овој текст на Милан Николиќ. За оваа претстава актерите добиваат бурни и долги ракоплескања од публиката ширум регионот.

„Текстот на претставата се однесува на луѓето во постари години кои бараат сродни души. Јас од своето животно искуство би порачала: “Луѓе, не се откажувајте од животот, дури и кога ви е најтешко, кога сте оставени сами, кога никому не му требате. А, тоа е само привидно. Бидејќи повторно ќе најдете некој со кој ќе го поминете остатокот од животот, со кого ќе ви биде убаво“ изјави Неда.

Претставата е дел од „Културно мени“ програмата за овогодинешниот 39-ти роденден на центарот за култура во Битола. На менито има 39 настани кои вклучуваат театарски претстави, изложби, концерти, промоции на книги и кино проекции, со тоа што очекуваат голем број на посетители од целата држава.

„Драго ми е што има голем интерес за сите настани, горда сум на нашата институција и на целиот тим кој работиме заедно.

Следниот месец имаме убав настан а тоа е Фестивалот на музика од светот кој од 15-ти до 17-ти Ноември ќе се одржи по 11-ти пат за кој наскоро ќе ја објавиме програмата. За фестивалот во план се гостувања на две исклучителни музички ѕвезди, еден бенд составен од врвни музичари од нашата земја, како и Камерниот оркестар од Битола“ истакна Маја Андоновска-Илијевски, директорка на НУ Центар за култура-Битола.

x

Check Also

Викторија сикрет ја претстави празничната кампања (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Ангелите на Викторија сикрет Барбара Палвин, Биргит Кос, Елса Хокс, Лорен Дуран, ...