Оваа супа треба да ја пробаат сите кои не сакаат да пијат антибиотици

Оваа супа треба да ја пробаат сите кои не сакаат да пијат антибиотици, а особено оние
кои со нивна претерана употреба си нанеле повеќе штета на организмот отколку
корист.

Потребни состојки:

50-тина чешниња лук или околу 5 главици добро излупени и исчистени
2 лажички путер
2 лажички маслиново масло
2 поголеми главици исецкан модар кромид
1 лажичка ситно исецкана свежа мајчина душичка
1,5 литар бистра пилешка супа
1 врзоп свеж магдонос исецкан
3 шолји стар леб исецкан на коцки
1 шолја за кафе кисела павлака

Чешнињата лук исечкани на третини полијте ги со маслиново масло, затворете ги во
алуминиумска фолија и печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 90 мин. Потоа
извадете ги и оставете да се оладат.

Во меѓувреме загрејте 2 лажички маслиново масло со 2 лажички путер и ставете го
кромидот да се динста десетина минути. Печениот лук од фолијата со целата
течност додајте ги во супата со мајчината дучичка и магдоносот. Измешајте убаво и потоа
додајте ги коцките леб. На тивок оган оставете се да се крчка 5 минути додека лебот да
омекне. Потоа целата смеса ставете ја во блендер и измешајте ја додека не стане
кремаста па вратете ја во лонецот и додајте ја павлаката и малку сол. Супата е спремна
а ќе ви помогне во борбата против грип, настинка воспалено уво.

x

Check Also

Три техники кои ќе ви помогнат да заспиете за само една минута!

Веројатно веќе знаете некои трикови како што се избегнување на кофеин пред ...