Овие еспадрили од PARFOIS би ги носеле и Меган Маркл и Кејт Мидлтон

Да се присетиме само колку пати во текот на оваа (и минатата година), Кејт Мидлтон и Меган Маркл за своите лежерни модни изгледи одбраа еспадрили со плетена платформа, високи кај петите. Прилично често, доволно за да не испирираат да си купиме сличен чифт на еспадрили, кои веќе ги најдовме – во PARFOIS.

На 25 јуни, Милдтон се појави на настанот организиран од The Royal Photographic Society, кадешто е патрон, облечена во фустан со цветен принт и еспадрили од Castañer (кој инаку чинат 120 евра).

Во мај пак, Мидлтон го посети настанот Flower Show во Лондон, облечена во цветен Erdem фустан и секако – во комбинација со еспадрили со висока, плетена потпетица.

И Меган Маркл не им одолеа на еспадрилите со речиси идентичен дизајн. Во октомври, 2018, при посетата на Австралија во друштво со принцот Хари, таа носеше еспадрили од Banana Republic, кој чинат 90 долари. За време на истото патување, Маркл се појави во друг сличен пар еспадрили од Castañer.

Барате и вие сличен модел? Модел на кој не би одолеале ни Маркл ни Мидлтон? Тогаш, вистинската дестинација се продавниците PARFOIS.

Овие еспадрили ќе бидат ваши за 2.290 денари. Достапни се и во онлајн продажба – ТУКА. 

Parfois, лето 2019, достапни во продажба

x

Check Also

Невидено ниски цени на Sport Vision Bazaar!  

  Спортската сала „Расадник“ е местото каде ќе може да ја посетите ...