Овие шарени кошули од пролетната колекција на DESIGUAL би ги облекле веднаш

Првите пролетни вибрации пристигнаа во мултибренд продавницата „Fashion and Friends“ лоцирана во Скопје Сити мол, а погледот ни го привлекоа шарените кошули од највеселата модна марка DESIGUAL.

Сите со посебни принтови и интересни мотиви, уникатни и магични уште од првиот поглед, а пријатни за носење – кој сака да внесе повеќе отпимизам во својот секојдневен стил, нема веќе причина да не го направи тоа.

Комбинирајте ги со фамерки, со хеланки во пастелни нијанси или пак, со вашите омилени панталони со женствен крој, полниот моден погодок е загарантиран, а вниманието, бездруго, привлечено.

Сега, може и да си ја нарачате онлајн вашата омилена кошула или пак, модната комбинација даја дополните со весела чантичка, светен ремен, посебна марама…, од пролетната колекција на DESIGUAL, понудата и цените проверете ги ТУКА. 

x

Check Also

Тренд водич на Massimo Dutti за зима 2019/2020

Отилија Сајмон позира во новата кампања на Massimo Dutti. Тренди водичот е ...