Овие супермодели имаат необично хоби…

 

Доминираат на модната сцена, но зад рефлекторите овие убавици се занимаваат со сосема други нешта во кои се подеднакво успешни. И тоа го прават со задоволство, за своја душа, односно од хоби.

mod freja

Фреја Беха Ериксен

Данскиот модел Фреја Беха Ериксен, позната како бунтовничка на модната писта, всушност е една многу романтична душа. Сака поезија, да чита и да пишува. Вели дека сака да стане поет. „Пишувам поезија, но сакам да бидам навистина добра во поезија. За тоа се потребни години практика, како што за се друго, за да бидете во нешто одлични, потребни се години и години практика“, објаснува Ериксен.

model daria

Дарја Вербови

Вербови има интересно хоби кое ја носи далеку од модната сцена. Едрење. Неодамна таа помина цел месец во едрење околу Атлантикот. „Со едрењето сум најблиску до природата. Ми се зголемува адреналинот, ми претставува предизвик и искуство на учење, но и авантура во непознатото. Најпосле, прекрасно е да се носи една иста маичка со денови и да не се мијат забите со денови“.

mod natalija

Наталија Водјанова

Иако изгледа многу модерно, оваа убавица има малку старомодно хоби. Плетење и везење. Објаснува дека знае да плете дури и ќилими.

mod karli

Карли Клос

Во модниот свет доминира од 2008 година, а сега е подготвена да лансира сопствена линија на слатки. Ужива во готвењето.

mod ken 2

Кендал Џенер

Таа е една од најбараните модели во моментов, а има неколку хоби. Јава на коњ, дизајнира облека и се занимава со внатрешно уредување.

mod kara

Кара Делевињ

Оваа убавица е суперталентирана за повеќе работи. Ѕвезда е на модната сцена, но одлично и оди и глумењето. Од хоби пее, танцува и свири на неколку инструменти, меѓу кои и на тапани.

x

Check Also

E-banking како ново нормално при користење на банкарските услуги

Во последниве две години, како последица од глобалната пандемија, научивме како паметно ...