Овошна колекција на чевли и чанти од Michael Kors

Преферирате сочни лимони или слатки цреши? Сега вашите омилени овошја се дел од колекцијата на Michael Kors и ги красат чевлите и чантите за смели и урбани девојки и жени.

Со пристигнувањето на потоплите сончеви денови, се одоколу е шарено и весело, а овошните чевли и чанти се толку слатки и впечатливи што веднаш ќе ги засакате. Рамни или на високи потпетици, изборот е ваш, а има светла и темна варијанта. Белите чевли и чанта со цреши ќе им дадат свежина на вашите модни пролетни комбинации, а темните модели со лимонот ќе бидат вистински моден детал на едноставните аутфити.

Кое ќе биде вашето омилено модно овошје оваа пролет за вистинско модно освежување?

x

Check Also

Совршен за плажа: Погледнете го овој пончо фустан од PARFOIS

Сакате да изгледате шик и тогаш кога сте на плажа. Во PARFOIS најдовме ...