ОВОЗМОЖЕНА Е ONLINE УПЛАТА ЗА ЛОТО 7 И ЏОКЕР ПРЕКУ ВЕБ СТРАНАТА НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА

Државна Лотарија на свое големо задоволство најавува дека од денес, во тек на 55тото коло на игрите на среќа ЛОТО 7 и Џокер, уплатите за учество во игрите на среќа Лото 7 и Џокер, веќе може да се примаат и преку веб страната www.loto.mk.
Веб страната www.loto.mk од неодамна доби нов изглед и нова функционалност, а од сега ќе е активен канал за уплата за учество во игрите ЛОТО 7 и ЏОКЕР.

Со ова, веб страната на Државна Лотарија, www.loto.mk, станува ново мобилно среќно место на играчите на игрите на среќа кои среќните ЛОТО7 броеви и комбинациите во Џокер играта ќе можат да ги уплаќаат и преку интернет од било каде, во било кое време.

Предностите се многубројни и очекуваме дека ќе привлечат голем број нови играчи кои ги претпочитаат можностите и комодитетот што ги нуди интернетот како канал за уплата.

Од сега наместо да чекате во ред за уплата на ЛОТО 7 и Џокер на продажно место, уплатата ќе биде достапна од вашиот дом, од вашето омилено кафуле, од вашата канцеларија и од секаде каде што сте ONLINE. Се што треба да направите е да се регистрирате на www.loto.mk и да креирате свој кориснички профил, а потоа на сметката на корисничкиот профил да уплатите депозит за игра од вашата платежна картичка. Уплатените средства ќе се евидентираат на сметката на корисничкиот профил од каде може да се користат за игра. Добитниците кои своите уплати ги реализирале преку веб страната – www.loto.mk ќе имаат покус пат до освоените добивки, бидејќи сите освоени суми, освен сумите за добивките од прва категорија – премиите на ЛОТО 7 и Џокер, ќе се добиваат на сметката на корисничкиот профил. Корисничкиот профил ги чува сите внесени податоци, податоците за игрите, историјатот на уплатите и исплатите, а средствата добиени од исплатените добивки може да се користат за игра и да се повлекуваат на личната трансакциска сметка согласно потребите на играчот.

ONLINE уплатата на ЛОТО 7 ќе ги овозможи сите опции за игра кои ги нуди и играта со помошно ливче. Може да одиграте обична ЛОТО 7 комбинација, полн или скратен систем, но и да се претплатите за до десет кола. Во Џокер играта може да одиграте од еден до 50 џокер броеви. Новина во ONLINE играњето се можностите да ја зачувате вашата омилена комбинација и последно одиграното ливче и за следно коло да ги одиграте со еден клик.

Уплатата за учество во игрите на среќа ЛОТО 7 и Џокер е брза, лесна и безбедна, во согласност со правилата на игрите на среќа и важечките законски и подзаконски прописи во нашата земја. Уплатата на ЛОТО 7 и Џокер може да се реализира исклучиво на територија на Република Северна Македонија и важи за сите граѓани на возраст над 18 години.
Државна Лотарија ја задржа популарната цена на комбинација ЛОТО 7 и Џокер број, од 20 денари по комбинација/ џокер број. Во моментов, премијата на играта на среќа ЛОТО 7 изнесува 7.000.000 (седум милиони) денари, а премијата за Џокер со шест погодоци е над 900.000 ( деветстотини илијади) денари.
Со цел навремена и комплетна поддршка на играчите, во очекување на зголемен интерес за учество во игрите на среќа ЛОТО 7 и Џокер преку веб страната www.loto.mk, Државна Лотарија го засили тимот на контакт центарот и воведе ново, зголемено работно време. Преку контакт центарот може да се добијат сите потребни информации, од понеделник до сабота од 8:00 до 22:00 часот и недела од 8:00 до 16:00 часот, на телефонскиот број 02 323 7777, на вибер бројот 076 313 052, или на меилот helpdesk@loto.mk.

Воведувањето на можност за ОNLINЕ уплата на игрите на среќа ЛОТО 7 и Џокер е резултат на обемен и долготраен проект на Државна Лотарија. Отворањето на интернет канал за уплата е големо скалило во искачување на компанијата на ниво на развиените европски лотарии. Целта на оваа новина е приближување на придобивките од игрите на среќа на Државна

Лотарија до сите граѓани на нашата земја на возраст над 18 години. Во игрите на среќа кои ги приредува Државна лотарија не можат да учествуваат лица помлади од 18 години.

Со учество во игрите на среќа на Државна Лотарија се гради фонд за инвестирање во републичкиот буџет од каде се финасираат општестевно корисни цели.

x

Check Also

Први тротинети и велосипеди за најактивните корисници на апликацијата HalkEco  

  Апликацијата HalkEco на Халкбанк  со која се стимулира пешачењето, трчањето, возењето ...