Популарната марка за долна облека Oysho ја претстави новата колекција ангажирајќи „плус сајз“ модели.
Со новата кампања Oysho ги охрабри жените да се чувствуваат убаво во своето тело кога купуваат долна облека, наместо да бидат разочарани што во неа не изгледаат онака како што изгледаат слабите (и фотошопирани) манекенки кои ни се насмевнуваат од рекламните спотови и модните списанија.
Според Oysho, секоја жена може да изгледа многу секси во долната облека која ја носи.