Озборувања: Меган ја расплакала Кејт за избор на фустан

Британските медиуми пишуваат дека, според блиски извори на кралското семејство, Кејт Мидлтон е видена облеана во солзи непосредно пред свадбата на Меган Маркл.

Имено, при изборот на фустан за деверуши, за малата принцеза Шарлот, Меган и Кејт се скарале околу кројот и должината на фустанчето.

Дали Меган била груба, или Кејт пречувствителна за својата ќерка? Но, Кејт била видена како од својата соба излегува во солзи, видно вознемирена.

Прашање е дали оттогаш односите на Кејт и Меган се напнати, или сепак, двете кралски снашки имале недоразбирања и нетрпеливост и пред свадбата на Маркл или пак – трето, дека станува збор за трачеви…

Но, како настаните и понатаму се развиваат, изгледа дека е точна втората варијанта.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...