Палачинки со домашно костен пире

Уживајте во сите благодети на есента вклучувајќи го и овој фантастичен рецепт за палачинки какви веројатно до сега не сте дегустирале.

Прво подгответе го домашното костен пире кое ќе биде фил за палачинките.

Сварете 1 кило костени, потоа со остар нож засечете ги на пола костените и извадете го со мала лажичка „месото“ од костенот.

Свареното „месо“од костени ставете го во блендер, додадете 3 лажици млеко, 2 ќесички ванилин шеќер и 0,4 дл рум. Измешајте ги додека не добиете компактна смеса.

Во посебен сад ставете 2 дл слатка павлака со 2 лажици шеќер и добро изматете.

Потоа, соединете ги двете смеси, смесата од костени и смесата од павлака. Измешајте уште еднаш убаво да добиете компактна смеса. Потоа, филот ставете го во фрижидер и почнете да ги приготвувате палачинките на вообичаениот начин. Кога тестото за палачинки ќе биде готово, наполнете ја секоја палачинка со филот.

На крајот, пред да ги сервирате попрскајте ги палачинките со костен пире со уште 1 ќесичка ванилин шеќер.

x

Check Also

Подгответе брзо и лесно: Превкусни пилешки срца во пикантен сос

За пријатен и лесен викенд ручек, дегустирајте го специјалитетот Пилешки срца во ...