Палта и јакни од & Other Stories за есен/зима 2018

Ѝ велиме „здраво“ на студената сезона, мислејќи на новата колекција на &Other Stories во која главниот збор го имаат палтата и јакните. 

За сезоната есен/зима 2018, модната марка се фокусира на еклектичен спектар на стилови. Од модерни мантили до јакни со вештачко крзно и волнени палта, овие модни парчиња со стил ќе ве згрејат во студените денови.

Меѓу најпосакуваните парчиња од оваа колекција е предимензионираната јакна од тексас обложена со вештачко крзненце.

Во палетата на бои доминираат зелената, црвената и класичните бела и црна нијанса кои „стојат“ со сѐ. 

Погледнете некои од убавите модни парчиња.

x

Check Also

Совршен за плажа: Погледнете го овој пончо фустан од PARFOIS

Сакате да изгледате шик и тогаш кога сте на плажа. Во PARFOIS најдовме ...