Памела Андерсон тајно му рече „да“ на стариот љубовник

На тајна церемонија во Малибу, завчера, во присуство на блиски пријатели, сексаспилната 52-годишна глумица Памела Андерсон се омажила за филмскиот продуцент, 74-годишниот Џон Питерс. За двајцата ова е петти брак.

Сексапилната Памела Андерсон по петти пат кажа „да“. Поранешната ѕвезда на популарната серија „Бејвоч“ тајно се омажила за 74-годишниот филмски продуцент Џон Питерс, кој пред да стане продуцент долги години бил популарен фризер.

Памела и Џон биле пар пред 30-на години, а според зборовите на Џон тој целиот свој живот ја сакал само неа.

-Има насекаде убави девојки. Можев да бирам, но веќе 35 години ја сакав само Памела, изјавил филмот тајкун за „ Холивуд репортер “. – Памела, ме прави див на добар начин.  Таа никогаш не го виде својот полн потенцијал како уметник. Допрва треба да блесне на вистински начин. Има многу повеќе во неа отколку што изгледа, да не беше така не би ја сакал толку многу. Таа ме инспирира. Ја заштитувам и ја третирам како што таа заслужува, додава Питерс.

View this post on Instagram

❤️ happy life

A post shared by The Pamela Anderson Foundation (@pamelaanderson) on

x

Check Also

Џенифер Анистон бесно им се обрати на фановите: „Проклетата маска мора да се носи”

Џенифер Анистон го отвори својот  Инстаграм профил минатиот октомври, и со првиот ...