Панакота со цреши

Пана Кота (Panna cotta) е едноставен десерт направен од само неколку состојки, а главни се млекото и слатката павлака. Италија е земјата од каде што овој совршен десерт доаѓа и набрзо го освојува светот. Еве како да направите Пана Кота по оригинален италијански рецепт.

Потребни намирници –  0,5 л млеко,0,5 л слатка павлака, 150 грама смеса во прав за панакота, кандирани цреши/или друго овошје по желба во сируп.

 Начин на подготовка: Сварете ги млекото со павлаката. Додајте ја смесата за пана- кота и добро мешајте. Кога повторно ќе зоврие, садот тргнете го од ринглата и претурете го во калапи или чашки. Околу 3-4 часа оставете да се изладат во фрижидер. При сервирање во чинија  украсете ги со кандираното овошје во сируп.

x

Check Also

Превкусни медитерански лепчиња

Брз рецепт за (не)домаќинки. Ги обожаваме зашто се приготвуваат брзо, се јадат ...