Panasonic го претсави проѕирниот телевизор

Телевизорите стануваат се потенки и поголеми, но Panasonic отиде чекор подалеку, па го претстави својот нов модел на проѕирен телевизор.

Panasonic со здружени сили со швајцарската марка Витра и дизајнерот на мебел Даниел Рибакен, лансираа проѕирен OLED дисплеј наречен Vitrine. Телевизорот е претставен на неодамнешниот саем за дизајн во Милано.

Преубавиот телевизор е комбинација на стакло со дрвена рамка и претставува вистинско уметничко дело кое ќе го украси секој современ простор.

Кога ќе го активирате, Panasonic Vitrine ќе се трансформира во совршено функционален OLED дисплеј. Инаку, елекронските компоненти на телевизорот се скриени во дрвената рамка.

Познатите компании на овој телевизор работеле две години. Кога моделот ќе биде пуштен во продажба, сеуште не е објавено, но од Панасоник е потврдено дека овој телевизор многу наскоро ќе се најде во продавниците.

x

Check Also

„Со точак во Пастел“: Пастел организира акција со велосипед за намалување на загадувањето на околината

Ресторан Пастел и Пекарница Пастел организираат креативна кампања во месец септември насловена ...