Панталони и фустан во зелена боја од MANGO, ги сакаме оваа пролет!

По тмурните зимски денови, подготвени сме првото пролетно сонце да го дочекаме во силна, впечатлива нијанса на зелено.

На наше задоволство, во пролетната колекција на Манго (достапна во продажба) најдовме два модели во најпосакуваната пролетна нијанса. Првиот – фустан со миди должина и елегантен дизајн, одличен и за деловна атмосфера, како и за вечерни дотерувања.

А тука се и панталоните со должина до глуждовите, кои може да ги комбинираме со палтенце во иста нијанса.

Еве ги нашите „зелени“ фаворити од Манго.

x

Check Also

Овој викенд голема забава во Skopje City Mall кој слави 7-ми роденден!

Време е за голема забава, мнооогу награди и шопинг лудило во Skopje ...