Paper art, уметност која раскажува приказни

Заљубени сме во уметноста во сите нејзини форми и облици. Уметноста раскажува приказни, открива тајни, остварува и креира нови желби, а тоа е и целта на нашето уживање во неа.

Се сретнавме со една уметност која е омилена кај многу генерации, а може да ја креира само перфекционист или архитект, а тоа е едно исто. Се вљубивме во квилинг уметност на Елена Јованова, а таа ни ги открива тајните на нејзината уметност под името “Paper art MK”.


– Приказната за “Paper art” се роди пред околу 3 години. За време на студиите на Архитектонскиот факултет ја добив љубовта за работа со хартијата како материјал, па за време на летниот период изработував оригами. Но подоцна на социјалните мрежи за дизајн-идеи се сретнав со квилинг техниката. Па, си реков, зошто да не пробам, вели Елена.

-По неколку туторијали на youtube, бев запознаена со основните техники и обликувања, а сето останато е на инспирацијата и имагинацијата. Уметноста со хартија е и одраз на мојот развој како личност, се развива природно во мене со јасна идеја и следејќи ги своите инстинкти дозволувам да се појават трансформациите кои што следуваат.

– Хартијата трпи многу трансформации и не чувствувам ограничувања кога сакам да експериментирам со неа, а можностите се бесконечни, вели Елена.

“Paper art MK” креира начесто рамки со квилинг техника за секакви пригоди, но и цвеќиња од хартија, украсни шишиња и сл. во зависност од желбите на клиентите.

– Најчесто се порачуваат персонализорани рамки со квилинг техика за роденденски подарок на најмалите. Посебно ме радува кога ќе се појави клиент со некоја уникатна идеја и ме остава да ја остварам на свој начин.


– Квилинг техниката не е комплицирана за изработка, но е голем временски зафат. Од нова идеја до реализација за повеќето рамки потребни ми се 4 до 5 дена. Секако тоа е во зависност и од видот и големината на порачката и колку материјал е потребно за истата. Но понекогаш ми требат и неколку недели. Секогаш е потребно повеќе време на човечкото присуство, за продлабочување на визуелното искуство и чувството на емоционално полнење кое доаѓа од самата изработка.

– Квилинг уметноста е уникатен подарок, направен рачно со многу љубов. Секогаш можете да подарите нешто кое што го нема никој друг, а за мене претставува среќа да го споделам своето возбудливо искуство во квилинг техниката со многу луѓе.

Квилинг уметност на“Paper art” и богата галерија може да ја погледнете ТУКА, а притоа и да се инспирирате за вашиот следен подарок за драга личност.

x

Check Also

Есенска тексас колекција од Zara (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Моделот Грејс Хартзел ни ја претставува во новиот едиторијал есенската тексас колекција ...