„Parents Collection“ на CYBEX дизајнирана од Марсел Вандерс пристигна во продавниците КРШ

Брендот CYBEX кој претставува врв во иновативното производство на производи наменети за деца, со новата колекција наречена „Parents Collection“повторно ги воодушеви купувачите.

Колекцијата содржи мебел за деца и колоритни додатоци, меѓу кои и висока столица за хранење на деца, која лесно се вклопува во ентериерот и животниот стил на родителите.

Зад оваа возбудлива колекција стои прославениот дизајнер на ентериери, сопственик на Moooi, индустрискиот бунтовник Марсел Вандерс.

Станува збор за софистицирана и разиграна колекција чии производи им овозможуваат на родителите да го продолжат својот уметнички стил, дури и со малите деца.

Стилизирана, забавна, современа, едноставна и безбедна, високата столица за деца им овозможува на мајките и татковци да ја пренесат својата креативност на следната генерација преку дизајнот кој лесно се интегрира во домашната средина.

Дизајнираните парчиња мебел – столици за хранење и релаксатори – кои совршено се вклопуваат во внатрешниот дизајн на секој модерен дом сега се достапни во продажба и кај нас, во продавниците КРШ.

Посетете ја најблиската продавница „Крш“  –Крш бебе Веро центар, Крш тц Рамстор, Крш ГТЦ сутерен, Крш тц Зебра, Крш Скопје сити мол, Крш Капитол мол, Крш Веро центар, Крш Сума Куманово Крш Ситицентар Гостивар и Крш Remall во Тетово.

 

x

Check Also

Тренд на неделата: Фармерки од линијата  #HyperFlex на Replay

Си купивме! Неверојатни се. Ако сте во потрага по одличен пар фармерки, ...