Третиот парфем на пејачката Кети Пери „Килер Квин“ е инспириран од стиховите на Фреди Меркјури.
„Килер Квин“ е лична креација на Кети Пери. Содржи ноти на боровница, сливи и бергамот, потоа се развива во мириси на јасмин и последната нота е кашмир.
28-годишната пејачка вели дека Фреди Меркјури со своите стихови ја опишал жената каква таа сака да биде со помош на овој парфем, моќна и забележана.