Парфемите делуваат на психата и ги будат сеќавањата

Се се случува многу брзо: нашите носни нерви директно се поврзани со чувствата. Од речиси 10 милиони носни клетки во носот, мирисот се спроведува во лимфниот состав во мозокот. Тој дел управува со емоциите. Но, мирисот не делува само на чувствата туку и на психата: Мирисите можат да побудат сеќавања или силно да делуваат на нашето расположение.

На пазарот се нудат непрегледна низа на најразновидни мириси во кои на прв поглед тешко можете да се снајдете. Но ако сте, на пример, повеќе спортски тип, би можеле да ви одговараат свежите мириси. Ако пак вашиот стил е женствен или елегантен, цветните мириси би можеле да бидат вистински избор. Ако сте љубител на цимет, ванила или чоколада, испробајте ги ориенталните парфеми, а за најпробирливите постојат парфеми на база на мирис на карамела или мед. Сепак, за топлите денови без разлика на вашиот вкус, најдобар избор се специјалните безалкохолни мириси.

Мирисни точки

Мирисот најдобро се развива на оние места на телото каде крвта поминува најблиску до површината на кожата и каде што температурата е нешто повисока отколку на другите места: на вратот, зад колената, на лактовите. Парфемот нема што да бара на облеката  освен кај оние кои се алергични (може да остави дамки), на деколтето (мирисот влегува директно во носот), на местата каде што се носи накит, зашто така кожата дополнително се поти, што повторно негативно влијае на парфемот.  Типична грешка која се прави при нанесувањето на парфемот е неговото втривање, зашто така се уништуваат сите молекули на парфемот.

И многу зачинетите јадења, индивидуалниот состав на мрснотиите во кожата, некои лекови, како и промената во хормонската слика можат да делуваат на промената на карактеристиките на парфемот. Токму тоа е причината што еден ист парфем на секој од нас различно мириса.

parfem 3

Како да се продолжи траењето на мирисот

По неколку часа мирисот на парфемот полека бледи на кожата се додека постепено потполно не исчезне. На мрсна кожа парфемот најдолго се задржува. Доколку сакате да го продолжите траењето на мирисот, парфемот нанесете го на кожа претходно намачкана со крем. И косата подолго го задржува мирисот, но поради некои парфемски масла може по нанесувањето на парфемот да делува мрсна.

Чување на парфем

За да можете што подолго да уживате во својот парфем, треба да го чувате на место што му одговара. Топлата бања не е вистински избор. Подобро е шишенцето да се чува на свежо (но не студено) место, каде што не допира премногу светлина. Постојаната изложеност на светлина го уништува парфемот. Поради тоа зачувајте ја оригиналната кутија зашто таа е најдобра заштита за секој парфем. Со време, парфемот може да го промени мирисот. Промената се забележува во бојата на парфемот.

parfem 4

Треба да се знае…

Не е секој мирис за секоја пригода. За слободно време прикладни се свежи ноти, за работа – сериозни и ненаметливи, а ориенталните само за вечерни излегувања.

Парфемот не се купува набрзина. Купувањето на парфем треба да биде мал ритуал. Мирисната нота треба да се испроба на хартиено шамивче, а во еден ден не можете да  испробате повеќе од три мириси. На ваков начин ќе можете и по неколку дена да ја тестирате миризбата на парфемот како и нејзината трајност (шамивчињата чувајте ги одделно за да не ви се измешаат мирисите).

Ако на вашиот партнер не му се допаѓа вашиот мирис, уважете ја неговата забелешка. Мирисот кој е „непријатен“ многу иритира, а заедно сигурно ќе пронајдете нешто што и на двајцата ќе ви се допадне.

 

x

Check Also

Springfield ни носи парфеми инспирирани од старите касетофони

Андрес, Луј и Начо, членовите на популарниот шпански бенд Dvicio, познат по ...