#PARFOISТРАГАЧИПОСОНЦЕТО: Новата колекција од PARFOIS е достапна во продажба!

Летото е на прагот, а со тоа сè попривлечна станува идејата деновите да ги минуваме на сонце. Имајќи го ова в предвид, тимот на Parfois дизајнираше колекција со која летните денови стануваат уште повозбудливи.

Сламени визори и чанти, туники од лесен материјал и пешкири за плажа – колекцијата „Трагачи по Сонцето” нуди совршени можности за стајлинг во сезоната која доаѓа.

Иако колекцијата е предвидена за деновите поминати на плажа, овие парчиња се одлични и за секојдневните активности во градот. Носете туники во комбинација со фармерки за лежерен, урбан стил, а чантите нека бидат дополнување дури и на посвечените фустани. Визорите кои беа тренд во 90-тите и најчесто се носат за спортување, се повторно тука! Одличен додаток за оние кои сакаат релаксиран, спортски, но трендовски изглед.

Нашето летно мото е Трагачи по Сонцето, а оваа колекција комбинира имиџи од лето поминато на сонце и парчиња без кои нема да сакате да ја поминете сезоната. Топла и модерна палета на бои, со која ќе го најдете “своето место под сонцето” и ќе уживате во летото.

x

Check Also

Овој петок концерт на Лозано во Скопје Сити Мол!

Skopje City Mall со задоволство го најави нивниот следен концерт, а тоа ...