Парис Хилтон ја покажа огромната колекција на чевли вредна милион долари (ВИДЕО)

Парис Хилтон го покажа својот огромен плакар полн со чевли во вредност од 1 милион долари.

37-годишната Американка го постирала видеото на својот Инстаграм профил, додека се подготвувала за пат за Ибица, информирајќи ги фановите дека треба да најде неколку чифта чевли за сончевиот одмор.

Импресивната колекција на чевли ја содржи буквално секоја нијанса.

Од чевли со високи и умерено високи потпетици до чевли со платформа, па до чизми со леопард принт…., поранешната ѕвезда на „Едноставен живот“ изгледа дека во колекцијата има секаков возможен модел на обувки кој можете или не можете да си го замсилите. Меѓу другото, Хилтон со гордост им покажала на фановите како е среден нејзиниот плакар за чевли, прецизно организирани според нијансите.

Видеото открива и дека во центарот на гардеробер-собата, која инаку била организирана од Ким Кардашијан во нејзините денови пред славата, се наоѓа и впечатлив кристален лустер.

Можно ли е да ги облекла, барем еднаш, сите овие чифта чевли?, веројатно ќе се запрашате.

И ние, исто, се прашуваме.

 

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет позираат за нова рекламна кампања

Ангелите на Викторија сикрет повторно се обединија во фотосесија за нова рекламна ...