Парис Хилтон: Јас сум вистинската Барби!

За оние кои до сега се сомневаа, сега постои доказ дека Парис Хилтон е Барби. Колаж – фотографијата која Парис Хилтон ја постираше на својот Инстаграм профил покажува дека таа не била Барбика еднаш, или двапати туку дури осум пати. Осум пати! Тоа е доволно за да си ја обезбедите „титулата“.

Очигледно е дека Парис Хилтон е фасцинирана од изгледот на куклата Барби, како што е и очигледно дека навистина успеала да „го симне“ тој изглед на најверен можен начин.

„Јас сум Барби девојка во Барби светот“, напиша Хилтон постирајќи колаж-фотографија на која се гледа дека дури 8 пати се обидела да биде близначка на Барби.

Веројатно богаташката немала попаметна работа, но секако, сличностите се неверојатни.

 

ph1

x

Check Also

Карди Би се збогува со сопругот после три години брак

Карди Б(27) и нејзиниот сопруг Офсет (28) се разведоа по само три ...